ОЈО Велес го расветлува вчерашното убиство, притвор за осомничениот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од Јавното обвинителство на Македонија соопштија дека Основното јавно обвинителство Велес го расветлува вчерашното убиство. Надлежен обвинител изврши увид на лице место за вчерашното убиство кај местото Којник во Велес, велат оттаму.
По предлог на обвинителот, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
– Настанот се случил околу 14 часот, кога во куќата на сега починатиот дошол осомничениот и веднаш почнал да пука. При тоа испукал неколку проектили и смртно го ранил починатиот. Во обид да избега на сторителот, сега починатото лице излегло од куќата и стигнало до улицата, каде осомничениот му вперил пиштол со намера да испука уште проектили. Во тој момент по пријава на соседите, дошла полицијата која го лишила од слобода осомничениот, а на сега починатиот му е дадена медицинска помош. Но, поради сериозноста на повредите настапила смрт – стои во соопштението.
Додаваат дека увидот на лице место јавното обвинителство го изврши со увидни екипи на МВР. Надлежен обвинител издаде наредба за вршење на обдукција на починатиот, наредба за вештачење на траги од лице место, на брисеви од крвта, на огненото оружје со кое е извршено делото.
Истакнуваат дека ОЈО Велес продолжува со дејствијата во насока на расветлување на настанот.
Извор: Нова Македонија