OJO Велес го расветлува вчерашното убиство | Правдико

Правдико

   

OJO Велес го расветлува вчерашното убиство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

osnoven-sud-1-veles-6Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место за вчерашното убиство кај местото Којник во Велес. Настанот се случил околу 14.00  часот, кога во куќата на сега починатиот дошол осомничениот и веднаш почнал да пука. При тоа испукал неколку проектили и смртно го ранил починатиот. Во обид да избега на сторителот, сега починатото лице излегло од куќата и стигнало до улицата, каде осомничениот му вперил пиштол со намера да испука уште проектили. Во тој момент по пријава на соседите, дошла полицијата која го лишила од слобода осомничениот, а на сега починатиот му е дадена медицинска помош. Но, поради сериозноста на повредите настапила смрт.

Увидот на лице место јавното обвинителство го изврши со увидни екипи на МВР. Надлежен обвинител издаде Наредба за вршење на обдукција на починатиот, наредба за вештачење на траги од лице место, на брисеви од крвта, на огненото оружје со кое е извршено делото.

Основното јавно обвинителство Велес продолжува со дејствијата во насока на расветлување на настанот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико