ОЈО за гонење организиран криминал и корупција доби опрема за дигитална форензика | Правдико

Правдико

   

ОЈО за гонење организиран криминал и корупција доби опрема за дигитална форензика

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во рамките на проектот ИПА 2017 – „Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан“, денеска Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби ИТ-опрема за дигитална форензика во вредност од 27.000 евра.

„Опремата се состои од софтвер и хардвер за компјутерско и мобилно вештачење на одземените ИТ-уреди во кривично-правните настани на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Дигиталната форензика е една од носечките активности на истражниот центар на ова Обвинителство и неопходна за непречено ефикасно и ефективно функционирање како на истражниот центар така и на Обвинителството во целина“, соопштија од Обвинителството.

За потребите на истражниот центар во рамките на овој проект минатиот месец беше донирана и друга хардверска опрема.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико