Правдико

   

Околу 100 барања за амнестија пристигнати во Кривичниот суд

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд денеска од затворите се пристигнати помеѓу 50 и 100 барања по кои Судот ќе постапува согласно Законот за амнестија, информира претседателот на Основниот суд Скопје, Иван Џолев, на брифинг со новинарите.

До Судот, како што рече, се очекува да пристигнат околу 1.500 барања за амнестија, од кои 500 за целосно ослободување на осудени лица, а останатите 1.000 се за делумна амнестија.

Џолев информира дека во Судот веќе се формирани повеќе кривични совети кои ќе одлучуваат по барањата за амнестија и оти се надева дека Судот ќе одговори во предвидениот рок.

– Формиравме кривични совети за да можеме да го запазиме рокот од пет дена во кој треба Судот да се произнесе за барањата од затворите. Со актот за амнестија, Кривичниот суд треба да утврди дека некое осудено лице ги исполнува условите за амнестија – рече Џолев.

Судот одлуките треба да ги испрати до Министерството за правда, а оттаму до Управата за извршување на санкции.

Од Управата за извршување санкции вчера за МИА изјавија дека брзината на излегување на амнестираните зависи од судовите. Оттаму додаваат дека се подготвени за доставување на сите решенија што ги ослободуваат осудените лица од издржување на казна затвор.

Законот за амнестија од денеска стапи во сила.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико