Околу 100 случаи спремни за судење во новиот Специјален суд за воени злосторства | Правдико

Правдико

   

Околу 100 случаи спремни за судење во новиот Специјален суд за воени злосторства

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Uck-2Душан Јањиќ од Форумот за етнички односи, изјави дека околу 100 случаи веќе се подготвени за судење во Судот за воените злосторства на ОВК, и дека првото судење ќе биде поврзано со извештајот на Дик Марти. Исто така истакна дека според негови проценки овој суд ќе почне да работи на почетокот на 2016 година.

Душан Јањиќ од Форумот за етнички односи за време на посетата во Дневникот на РТС соопшти дека по воспоставувањето на Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК останува уште да се комплетира обвинителството и судот, како и дека меѓународните обвинители се веќе познати.

“Направена е детална истрага, и околу 100 случаи веќе се подготвени за судење . Сега е најтешко да се осигура безбедноста на сведоците и обвинетите, како и луѓе кои се на српската страна”, рече Јањиќ.

Тој вели дека тоа е приоритет и поради таа причина беше донесена одлука дека првото судење делумно или целосно ќе се спроведе во канцеларија во Хаг, која ќе работи околу една година и половина.

Јањиќ истакна дека главен проблем ќе биде косовската јавност, и дека може да се очекуваат демонстрации и протести.

Коха оценува дека судот ќе започне со работа на почетокот на 2016 година, а Јањиќ вели дека оваа проценка е реална.

“Мислам дека првото судење треба да започне во почетокот на јануари, а ќе биде поврзано со извештајот на Дик Марти”, додаде Јањиќ.

Препорачуваме

Партнери на Правдико