Околу 400 тужби за државна измама поднесени против Ангела Меркел | Правдико

Правдико

   

Околу 400 тужби за државна измама поднесени против Ангела Меркел

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу 400 тужби за државна измама се поднесена во Германија против германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти германското Обвинителство.

29102015200207_merkel1

Федералното обвинителство во Карлсруе потврди дека примило 400 тужби против канцеларката, но не прецизира за нивната содржина.

Весникот „Тагесшпигел“ наведува дека поголемиот број од тужбите се поднесени од улттрадесничарските организации поради одлуката на Меркел да им овозможи влез на мигрантите во Германија.

Во весникот има и формулар за лицата кои би сакале да поднесат тужба против Меркел.

„Тагесшпигел“ наведува дека тужбите немаат никаква шанса да имаат судска разрешница

Државна измама се смета само кога нејзиниот извршител употребил сила или дејствувал со закана со сила.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико