Оланд бара продолжување на вонредната состојба за три месеци | Правдико

Правдико

   

Оланд бара продолжување на вонредната состојба за три месеци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Франција Франсоа Оланд ги информираше денеска парламентарните лидери дека ќе побара вонредната состојба, воведена по крвавите напади во петокот во Париз, да остане во сила три месеци, соопштија француските медиуми, повикувајќи се на извори од парламентот.

holland

– Тој ни кажа дека сака вонредната состојба да трае најмалку три месеци, изјави еден од изворите.

Продолжување на вонредната состојба за период подолг од 12 дена, може да се реализира само со закон, изгласан од парламентот, кој ќе го да се утврди времетраењето, посочуваат француските медиуми.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико