Оланд и Меркел се заложија за деескалација на тензиите меѓу Турција и Русија | Правдико

Правдико

   

Оланд и Меркел се заложија за деескалација на тензиите меѓу Турција и Русија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Франција сака да види деескалација во односите меѓу Русија и Турција по инцидентот со соборувањето на рускиот авион, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд, кој ја прими во Елисејската палата германската канцеларка Ангела Меркел.

1196827

Тоа што се случи е мошне сериозен инцидент. Ние сме за деескалација. Потребно е да сториме се што е можно со цел што побрзо да се обнови дијалогот меѓу Русија и Турција, рече Оланд.

На заедничката прес-конференција со Меркел, Оланд ја повика Германија да стори повеќе во борбата против Исламска држава.

– Не можеме едноставно да преземаме мерки во Франција, Германија, во Европа. Потребно е да ги насочиме нашите напори кон самиот извор, додаде Оланд.

Тој додаде дека светските сили треба заедно да работат за да се спречи натамошното влошување на односите меѓу Русија и Турција, откако турските сили го соборија рускиот авион.

Оланд истакна дека планира на денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин да потенцира дека сите треба да се борат против Исламска држава.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико