Оланд во историска посета на Куба | Правдико

Правдико

   

Оланд во историска посета на Куба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оланд е првиот Западен лидер кој дојде во посета на Куба откако Хавана и Вашингтон во декември објавија дека поранешните непријатели од студената војна после половина век ќе се обидат да ги нормализираат односите, јави Танјуг

Oland na Kubi

Оланд пристигна на аеродромот Хозе Марти во Хавана, каде што беше пречекан од страна на кубанскиот министер за надворешни работи Рохелио Сиера.

“Франција сака да биде прва европска и западна земја за која Кубанците можат да кажат дека ќе биде на нивна страна, ако тие одлучат да преземат чекори за отворање на земјата кон западот”, изјави Оланд

Францускиот претседател изјави дека укинувањето на повеќедецениското ембарго на САД против Куба ќе помогне кон заздравување на економијата во земјата.

“Куба сака да влезе во нова фаза, нов период, за островот кој бил жртва на санкциите”, истакна Оланд осврнувајќи се на американските санкции врз Куба, од 1962 година.

Францускиот лидер ќе се состане со кубанскиот претседател Раул Кастро, а од неговата канцеларија е соопштено дека е спремен да се состане и со иконата на револуцијата Фидел Кастро, но Хавана не даде потврда дека таков состанок ќе биде одржан.

ЕУ ги прекинаа односите со Куба во 2003 година поради малтретирање на новинари и активисти во земјата, но во април 2014 година, започна преговори со цел да се вратат врските и да ја убеди Хавана да ги подобри условите и почитувањето на човекови права.

Дијалогот помеѓу Брисел и Хавана е прв пат обновен во 2008 година, на француското претседавање со ЕУ.

“Франција отсекогаш била лидер во ЕУ. Фактот дека францускиот претседател доаѓа покажува дека Франција има многу важна улога во дијалогот помеѓу Куба и ЕУ”, рече Едуардо Перера од Хаванскиот Универзитет .

Франција, на која односите со Латинска Америка и Карибите му се приоритет на надворешната политика, долго време се активни заедно со Холандија, и се залагаат за нормализирање на односите помеѓу Куба и ЕУ.

Препорачуваме

Партнери на Правдико