Олеснување на катастарските процедури за граѓаните и за компаниите | Правдико

Правдико

   

Олеснување на катастарските процедури за граѓаните и за компаниите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Агенцијата за катастар на недвижности продолжува, заврши со дополнувањата на правилниците за премер на недвижности, за геодетски работи за посебни намени и за одржување на Катастарот на недвижностите со што се очекуваат побрзи, поедноставни и поевтини услугите за граѓаните и за бизнис-секторот, информира вчера директорот Славче Трпески.

20102016093548_web_katastar_guzva-banskoliev_-115

– Во гаражните места со отворена површина што се наоѓаат надвор од затворениот гаражен простор во објектот, може да се предбележуваат во листот за предбележување на градбата, а по изградбата ќе може да бидат и предмет на премер и нивно запишување во Катастарот на недвижности
ако основното одобрение за градење е издадено пред 29 август годинава кога стапија во сила измените на правилникот за премер на недвижности – изјави Трпески. Според него, со оваа мерка се надминува проблемот што го имаа инвеститорите за сите објекти за кои добиле одобрение за градба пред воведувањето на новините во Законот за градежното земјиште, односно задолжителноста при продавање стан да се продава и дел од земјиштето што ќе биде во заедничка сопственост.

Со дополнувањето на правилниците се воведе уште една новина, односно можност за анекс на геодетскиот елаборат со кој ќе се коригираат атрибутните податоци. Анексот ќе ги содржи исправените податоци, а во технички извештај ќе се наведуваат причините за исправката.

– Со ова се забрзува постапката за запишување на објектите во катастарот – напомена Трпески.
Агенцијата за катастар вчера во рамките на саемот „Техмона“ организира отворени денови во кои првпат по девет години, а во соработка со Сојузот на стопански комори (ССК) го вклучува и бизнис-секторот како посебен со цел заедничко детектирање на проблемите на компаниите.

– Ова е можност на самото место компаниите директно да зборуваат за своите тековни проблеми пред Агенцијата за катастар, која, пак, изворно ќе слушне со што се соочуваат тие и ќе биде поблиску до нив – нагласи оперативниот директор во ССК Александар Зарков.

Проблемите со кои се соочуваат компаниите од аспект на катастарот се различни.
– Ако се воочи некој проблем што погодува одреден сектор, настапуваме секторски и директно комуницираме со агенцијата. Врз основа на тоа се формираат соодветни комисии што заеднички дискутираат за изнаоѓање најсоодветно решение – истакна Зарков. Следната недела, како што најави директорот Трпески, Отворени денови за компаниите ќе има во Прилеп и во Битола. До февруари идната година предвидено е да бидат посетени сите градови низ Македонија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико