Правдико

   

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР, Иво Котески, се повикани да сведочат на наредното рочиште за „Тортура“ закажано за 20 јуни, кое се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Во еден од нелегално прислушуваните телефонски разговори што во јавноста беа објавувани од страна на непознати лица, новинарката Трајковска во разговор со Камчев му вели на бизнисменот да му пренесе на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, дека не ѝ се допаѓа апсењето бидејќи е веднаш по избори.

Овој разговор беше пуштен во кривичниот суд како дел од доказната постапка за случајот „Тортура“.

„Не ми се допаѓа ова, да му кажеш на пријателот твој, уште прв ден по избори“, вели Трајковска во разговорот, но во следен разговор таа го одобрува апсењето бидејќи, како што вели, Бошкоски извршил кривично дело.

Во случајот „Тортура“, покрај ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико