Оман бара арбитража против Бугарија за банкротот на КТБ | Правдико

Правдико

   

Оман бара арбитража против Бугарија за банкротот на КТБ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Најголемиот државен инвестициски фонд на Оман поднесе барање пред арбитражен суд против Бугарија заради крахот на Корпоративна трговска банка (КТБ), јавија британските медиуми, повикувајќи се на он-лајн базата на податоци на Меѓународниот центар за надминување на инвестициските спорови од Вашингтон.

584608571DE9A74FB3488EB88FB60A6E

Фондот на генералните државни резерви на Султанатот Оман поседуваше 30 проценти од КТБ, која беше четвртиот најголем кредитор во Бугарија, пред да банкротира во 2014 година.

Овој банкрот ја предизвика најголемата финансиска криза во оваа балканска земја од 90-те години на минатиот век до сега. На Софија и се наложи да плати 3,6 милијарди лева, за да го покрие вкупниот износ на гарантираните депозити.

Фондот инсистира да добие најмалку 150 милиони евра, за британските медиуми изјави адвокат запознат со случајот.

– Оманскиот фонд тврди дека Бугарија ги прекршила клучните принципи за еднаков третман и заштита на инвеститорите во начинот на кој го спровела банкротот на КТБ, рече адвокатот.

Конзорциум од инвеститори, меѓу кои и Оманскиот фонд, минатиот октомври даде предлог за спасување на банката, но еден месец подоцна Бугарската народна банка и ја одзеде лиценцата на КТБ и на тој начин не и остави никакви шанси да се спаси.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико