Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата | Правдико

Правдико

   

Омбудсман: На девојчињата во Охрид да им се дозволи со шамија да ја следат наставата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со испратениот допис  му овозможило на директорот на Основното училиште „Братство и Единство“ од Охрид,  да им забрани посетување на настава на ученички заради носење на шамија на главата и бара веднаш да им се овозможи следење на наставата.

„Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права, предвидуваат и дозволуваат слобода на вероисповед и слобода на изразување на религијата, а според Конвенцијата за правата на детето, слободата на манифестирање на вероисповедта може да потпаѓа само под ограничувања предвидени со закон, а вакви ограничувања не се предвидени со Законот за основно образование и со  останатите позитивни законски прописи“, се вели во реакцијата.

Народниот правобранител укажува на потребата за доследно почитување на законите и задолжителна примена на погоренаведените ратификувани меѓународни акти, како составен дел од нашиот правен поредок. Ова дотолку повеќе што според Уставот на Република Македонија, законите мора да бидат во согласност со Уставот, како и сите други прописи, кои се темелат на законите, и секој е должен да ги почитува.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико