Правдико

   

Омбудсман на ЕУ: Изборот на генералниот секретар на ЕК е незаконски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Омбудсманот на ЕУ, Емили О’Рајли денеска изјави дека изборот на новиот генерален секретар на Европската комисија, Мартин Зелмајер бил незаконски.

– Нашата истрага покажа дека именувањето на Зелмајер не е во согласност со закондавството на ЕУ и со правилата на Европската комисија. Во следните месеци ќе ја продолжиме истрагата, истакна О’Рајли.

Таа нагласи дека во одговорот на Еврокомисијата за ова прашање на добила нови податоци, што би влијаеле на нејзиниот став околку незаконитоста на именувањето на Зелмајер.

Зелмајер беше именуван за генерален секретар на Европската комисија по ненадејната оставка на Александер Италијанер.

За именувањето на Зелмајер истрага покрена и Европскиот парлемент, кој оцени дека станува збор за постапка „која наликува на државен удар и ги надминува законските норми“.

Но, и покрај ваквиот заклучок, Европарламентот ја отфрли можноста да побара оставка на Зелмајер, туку само и препорача на Европската комисија во иднина да спроведува потрансперентни постапки за именување на своите функционери.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико