Омбудсманот во Србија проверува дали има нелегална депортација на мигранти | Правдико

Правдико

   

Омбудсманот во Србија проверува дали има нелегална депортација на мигранти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

УНХЦР и други организации кои се грижат за мигрантите сè уште чекаат официјално објаснување за случајот со седумчленото сириско семејство што наместо во прифатен центар заврши во шума на границата меѓу Србија и Бугарија.

begalci-vo-albanija

 

Налог да се провери дали станува збор за обид за илегална депортација, издаде и народниот правобранител Саша Јанковиќ.

Семејството од Сирија е сместено во прифатниот центар во Прешево, но никому не му е дозволен контакт со нив, а образложението за тоа е дека тие се во карантин сè додека не се завршат сите потребни прегледи и истраги.

Седумчленото семејство мигранти од Сирија беа пронајдени изминатиот викенд, во шума на границата со Бугарија. Според зборовите на Гордана Пауновиќ од белградскиот „Инфо парк“, тие биле уредно регистрирани во Белград и тргнале во прифатниот центар во Босилеград, но униформирани машки лица ги извлекле од автобусот, ги одвеле во шума близу границата и таму ги оставиле.

Мигрантите сведочеа дека биле исплашени и премрзнати и преку СОС-линија успеале да го добијат „Инфо парк“.

Акцијата за спасување траела до три наутро, а кога пристигнала брзата помош, три женски лица биле во бессознание.

Пауновиќ вели дека тоа било обид за илегална депортација, за која се зборува дека постои веќе со месеци, но досега немало конкретни докази.

Народниот правобранител Саша Јанковиќ изјави дека дал налог да се спроведе контрола за да се утврди дали навистина имало обид за илегална депортација и ако е потврди тоа, дали во неа учествувале и државни органи.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико