ОН го осудува поттикнувањето на насилство и омраза во Вашингтон | Правдико

Правдико

   

ОН го осудува поттикнувањето на насилство и омраза во Вашингтон

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет го повика американскиот претседател Доналд Трамп да се одрекне од „лажни и опасни говори“ и додаде дека упадот на неговите приврзаници во Капитол Хил покажува колкаво е влијанието на „поттикнувањето на насилство и омраза“.

„Длабоко сме вознемирени од нападот во средата на Капитол Хил, кој јасно покажа катастрофален ефект на долгорочно и намерно нарушување на фактите и поттикнување на насилство и омраза од страна на политичарите“, рече таа во изјавата, додавајќи дека наводите за изборни измами се со цел да се дискредитира правото на политичко учество.

„Воодушевени сме што гледаме дека процесот продолжи и покрај сериозните обиди да се наруши … ги повикуваме политичарите од сите страни, вклучително и претседателот на Соединетите држави, да се одречат од лажната и опасна реторика и нивните приврзаници да го сторат истото“, рече таа, изразувајќи зачуденост и за сериозните закани кон новинарите и уништувањето на нивните материјали и ги поддржа барањата за темелна истрага за настаните во Капитол Хил.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико