ОН истражуваат сајбер напади од Северна Кореја кон 17 држави | Правдико

Правдико

   

ОН истражуваат сајбер напади од Северна Кореја кон 17 држави

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обединетите нации соопштија дека нивни експерти истражуваат најмалку 35 случаи во 17 земји поврзани со сајбер напади со кои „Северна Кореја нелегално добила средства за нејзината нуклеарна програма“. Според извештајот на ОН, експертите на ООН исто така повикале на казни за бродовите што кршеле санкции против Пјонгјанг со снабдување на Северна Кореја со нафта и гас, објавија новинските агенции.

Во извештајот се вели дека најголем број на кибер напади биле насочени против соседна Јужна Кореја – 10, по што следат Индија со три и Бангладеш и Чиле со по два напада. Други земји нападнати од Северна Кореја по еднаш за да се соберат средства незаконски се Костарика, Гамбија, Гватемала, Кувајт, Либерија, Малезија, Малта, Нигерија, Полска, Словенија, Тунис и Виетнам.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико