ОН: Колективното протерување на мигрантите е незаконско | Правдико

Правдико

   

ОН: Колективното протерување на мигрантите е незаконско

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

10032016161129_syrian-refugeesВисокиот комесар на Обединети нации за човекови права Зеид Рад Ал Хусеин денеска изрази загриженост по повод прелиминарниот договор меѓу Европска унија и Турција за решавање на мигрантската криза, кој, според него, предвидува „незаконско“ протерување на мигрантите од Грција и од Турција

– Предлог-договорот на ЕУ со Турција содржи еден број точки кои многу загрижуваат, вклучително и можноста од колективно и произволно протерување, што е незаконско. Ограничување на воведените граници, кои не дозволуваат утврдување на околностите за секој поединец е кршење на меѓународните и европските закони – истакна Ал Хусеин обраќајќи се пред Советот на ОН за човекови права во Женева.

Тој додаде дека ќе разговара со претставниците на ЕУ во Брисел, пред почетокот на самитот на ЕУ, што ќе се одржи на 17 и 18 март, на кој прелиминарниот договор меѓу ЕУ и Турција треба да биде финализиран.

Ал Хусеин изрази жалење поради кршењето на основните принципи на солидарноста, човековото достоинство и човековите права.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико