Правдико

   

ОН: Погубувањата во Иран без вистинско судење се поттикнати од одмазда

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Image (1)Бесењето на 36-те мажи во Ирак поради секташкото масовно егзекутирање на ирачките војници е спроведено без можност за одбрана на судење и се чини дека е „поттикнато од одмазда“, соопштија Обединетите нации.

Главниот кривичен суд во Багдад во февруари годинава осуди 40 од 47 обвинети за учеството во масакрот во Спиешер. Судот уште во јули 2015 година осуди 24 лица на смртна казна поради истиот масакр, а невладината организација Human Rights Watch тогаш предупреди на „недоволната транспарентност“ на судењето.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади, изјави по експлозијата во Багдад во јули годинава кога беа убиени повече од 300 луѓе дека сака да ги забрза погубувањата на осудените терористи џихадисти.

Ирачките власти минатата седмица егзекутираа со бесење 36 мажи припадници на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS) осудени за убиствата на 1.700 воени регрути, речиси сите шиити, во воената база крај Тикрит во јуни 2014 година.

Речиси 1.700 главно припадници на шиитската милиција кои биле регрутирани во ирачката армија се убиени во „масакрот во Спеишер“, истоимена воена база, која го добила името по првата американска жртва во „Пустинската бура“ во Заливската војна против Ирак, сместена на северната граница на областа Тикрит од каде што биле грабнати, а потоа погубени во првите денови од офанзивата на Исламската држава во северен Ирак во јуни 2014 година.

Масакрот во Спиешер, база која се предала откако била опколена од борците од Исламската држава кои ги издвоиле главно шиитските воени регрути, предизвика жестока осуда на меѓународната заедница и го поттикна јакнењето на поддршката за воени операции против џихадистите. Првата масовна гробница беше откриена на почетокот од април 2015-та, во квартот во којашто се наоѓа палатата на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, на брегот на реката Тигрис.

Портпаролката на ОН за човекови права во Женева изјави во вторникот дека „поединци кои се погубени се осудени само врз основа на тајните доушници или признанија изнудени со сила“, пренесува Reuters. Додала дела судски доделениот адвокат не интервенирал за време на судскиот процес, освен што дал триминутна изјава пред изрекувањето на пресудите.

„ОН ги повикуваат ирачките власти да обезбедат секое судење да ја почитува процедурата …, а не да биде од одмазда. За жал, ова не е таков случај“, додала портпаролката на светската организација

Извор: MAKFAKS

Партнери на Правдико