ОН – резолуција за територијалниот интегритет на Украина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Украина денеска очекува Генералното собрание на ОН да одобри резолуција со која го афирмира нејзиниот територијален интегритет и со која референдумот на Крим за приклучување кон Русија се оценува како нелегитимен.
Украинскиот амбасадор во ОН Јуриј Сергеев за АП изјави дека резолуцијата има десетици ко-спонзори и поддршка од многу демократски земји.
Руската делегација во ОН пак, според Сергеев, води кампања против резолуцијата. Дипломатите велат дека подршката за Русија може да се искаже ако има голем број на воздржани држави за оваа резолуција.
Извор: Радио Слободна Европа