ОН: Сиријската армија извршила два хемиски напади, ИД напад со отровен гас
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Истрагата на ОН покажа дека сириската армија изврши најмалку два напад со хемиско оружје во Сирија, а џихадистите на Исламската држава извршја напад со гас, соопшти новинската агенција АФП која имала пристап до извештајот.
Истражителите заклучија дека сириските воени хеликоптери напаѓаа со хлор на две места во провинцијата Идлиб во северозападниот дел на градот Талменс на 21 април 2014 година и во Сармин на 16-ти март 2015 година.
Исламска држава го користела гасот во Мареа во Алепо на 21 август 2015 година.
Извештајот содржи 95 страници, резултати од едногодишната истрага, која е испратена до Советот за безбедност на ОН.
Ова тело ќе се дискутира на состанокот закажан на 30 август. Во претходните извештаи, ОН потврди употреба на хемиско оружје во Сирија за време на граѓанската војна, но без да прецизира кој е одговорен за овие напади.