ОН со резолуција за поголема безбедност на новинарите | Правдико

Правдико

   

ОН со резолуција за поголема безбедност на новинарите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за безбедност на ОН во средата едногласно усвои резолуција со која се повикуваат сите земји да преземат мерки за да се зголеми одговорноста за кривични дела против новинарите за време на вооружени судири.

Screenshot_1

Во резолуцијата која е составена од страна на Литванија, претседателот на Советот ги повикува сите страни во вооружениите конфликти да престанат да ги кршиат правата на новинарите и злосторства врз нив.

Се бара итно и безусловно ослободување на новинари кои беа киднапирани за време на конфликтите.

Ова е прв пат со резолуција да се признае важната улога на новинарите во заштитата на цивилите и превенција на конфликти како и рано предупредување за претстојна криза кое може  да спречи “геноцид, воени злосторства, етничко чистење и злосторства против човештвото”.

Работење во слободни, независни и непристрасни медиуми е еден од темелите на едно демократско општество и на тој начин може да придонесе за заштита на цивилите, во согласност со резолуцијата.

Во резолуцијата се изразува длабока загриженост во врска со зголемените закани за безбедноста на новинарите, медиумите и професионалните здруженија што ги следат терористичките групи.

Во резолуцијата, исто така, се бара од страна на мировната мисија на ОН да дава редовни извештаи за безбедноста на новинарите. (Хина)

Препорачуваме

Партнери на Правдико