Oнлајн обука за слобода на изразување во соработка со Совет на Европа | Правдико

Правдико

   

Oнлајн обука за слобода на изразување во соработка со Совет на Европа

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа во рамки на проектот ЈУФРЕКС 2 на тема „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“.

Овој пат, соработката продолжува со организација на дводневна онлајн обука  за адвокати од областа на слободата на изразување која ќе се одржи на 18-19 февруари, 2021 година (четврток и петок).

Обуката со поздравен збор ќе ја отвори г-дин Љубомир Михајловски, претседател на АКРСМ,  и г-ѓа Александра Богдановска, виш проект-офицер, Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Предавачи на обуката ќе бидат г-ѓа Флутура Кушари, интернационален експерт на Советот на Европа, г-ѓа Ана Дангова Хуг, адвокат и сертифициран тренер и г-дин Лазар Сандев, адвокат и сертифициран тренер.

Материјалите за обуката се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Посебен акцент на оваа обука ќе се стави на говорот на омраза и клеветата.

Обуката е отворена за сите заинтересирани адвокати, а рокот за регистрација е до 15 февруари, 2021 година на имеил адреса e.pavlovska@mba.org.mk.

Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за агендата  и процесот на регистрација на ZOOM платформата.

Со надеж дека светската криза што поскоро ќе се надмине, Адвокатската комора на РСМ во меѓувреме вложува напори во најголема можна мера да се задржи нормалното функционирање, вклучително и во насока на обезбедување можности за соодветна едукација за адвокатите.

Партнери на Правдико