Онлајн-петиција против новиот закон за пушење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Граѓаните поведоа онлајн-петицијата против најавите од Владата за донесување нов закон за пушење. Петицијата за 15 часа, откако е објавена, има собрано над 2.700 потписи.
„Да не дозволиме да се упропасти еден од ретките закони кој е во одбрана на човековото здравје. Дали профитот на мал број луѓе вреди колку здравјето и животот на само еден човек?“, стои во повикот на онлајн-петицијата што иницијаторот планира да ја достави до македонската Влада.
Негодувањата доаѓаат по информациите дека Владата подготува сосема нов закон за пушење, кој би се однесувал на угостителските објекти каде што не се служи храна, преку кој би се понудила можност на сопствениците самите да одлучат дали во нивните локали ќе се пуши или не.
„Комплетна либерализација и право на избор. Пред сè на угостителските објекти да имаат право да изберат. Ако сакаат да биде дозволено пушењето, тие го имаат тоа право преку лиценца и тоа да биде нивен избор. Ако сакаат да биде за непушачи, тоа да биде нивен избор. Апсолутно тоа не се однесува таму каде што се служи храна. Работат стручни луѓе, сакаме меѓународна пракса“, рече премиерот Зоран Заев соопштувајќи некои детали од тоа што се подготвува како законско решение.
Од ваквата најава се огради и Министерството за здравство порачувајќи дека активното пушење е избор, но пасивното не, а тоа не може да брани нешто што го загрозува здравјето на граѓаните.
Извор: Макфакс