ООН воведе ембарго на оружје за бунтвониците во Јемен | Правдико

Правдико

   

ООН воведе ембарго на оружје за бунтвониците во Јемен

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција за прогласување на ембаргото за оружје на бунтовниците Хуту во Јемен и побара да  се повлечат од освоените територии, вклучувајќи го и главниот град Сана.

592758_shiite-rebels-known-as-houthis-ap_ff

Резолуцијата беше усвоена со 14 гласови “за”, додека постојаната членка на Советот за безбедност Русија се воздржа од гласање, но не стави вето на документот.

Советот за безбедност ја прошири црната листа за уште две имиња и воведе глобално замрзнување на средствата  и забраната за патување на синот на поранешниот  претседател на Јемен Ахмед Салех, кој е поранешен командант на елитната Јеменска Републиканска гарда, и Абдулмалик Ал Хоти, лидер на шиитската Хуту група.

Ројтерс потсетува дека поранешниот претседател на Јемен Али Абдула Салех и уште двајца други високи Хуту лидери , Абдал Ал Халик ал Хути и Абдула Јахја ал Хаким, се на црната листа  на Советот за безбедност од ноември минатата година.

Советот за безбедност изрази загриженост во врска со “дестабилизирачките акции” кои се направени од страна на поранешниот претседател Салех “, вклучувајќи ја поддршка за активностите Хуту бунтовниците”.

Сите членови на Советот за безбедност гласаа за предложената резолуција со исклучок на Русија, која се воздржаа од гласање, во која се наведува дека нивната нацрт-резолуција, која беше иницирана од страна на Јордан и земјите од Персискиот залив, не се вклучени.

Извор: Blic

Препорачуваме

Партнери на Правдико