„Операција Албанија“: Таен план за спас од ширење на грчката криза во Македонија, Албанија…
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шпанскиот весник Ел паис објави дека ЕУ го подготвува досега добро чуваниот план наречен „Операција Албанија“.
Планот се состои од спречување на можното ширење на грчката криза во соседните земји, особено во Романија, Бугарија, Кипар и Македонија.
Тоа е внимателно подготвен план за во случај Грција да мора да ја напушти еврозоната, пишува весникот.
Итната акција на Европската комисија и Европската Централна банка (ЕЦБ) била покрената по ненадејното прогласување референдум за (не) прифаќање на условите на меѓународните кредитори за Грција.
Од клучно значење е да им се помогне на Романија, Бугарија, Кипар и на Македонија, во случај Грција да излезе од еврозоната, да се справат со можеби несовладливите финансиски проблеми, ако се има предвид дека филијалите на грчките банки се важен дел од нивните финансиски системи и пазари.
Првата „главоболка“, како што вели весникот, е можното затворање на банките. Потоа, можни се големи проблеми за економиите што се блиску поврзани со грчката, како што се кипарската, македонската, романската и бугарската.
Европската Унија, според овој резервен план, би била склона да тргне во национализација на подружниците на грчките банки во овие земји, а би бил воведен надзор и ограничување на движењето на капиталот и на банкарските плаќања.
Тоа засега никој не го сака, бидејќи „ширењето на заразата“ потоа би можело да ги погоди сè уште ранливите земји како што се Португалија, па и Шпанија.
Извор: еМагазин