Опомена пред тужба од АЕК за ЈСП за донацијата за панорамското тркало | Правдико

Правдико

   

Опомена пред тужба од АЕК за ЈСП за донацијата за панорамското тркало

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Првиот човек на Агенцијата за електронските комуникации сè уште не ги објавува периодичните шестмесечни извештаи за неговите патни трошоци, трошоци за репрезентација и сл. Ова го покажаа податоците од вториот периодичен извештај за транспарентноста на Агенцијата за електронските комуникации и Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги за периодот октомври-декември 2018 година во проектот за мониторинг на овие две регулаторни тела.

Според податоците што беа презентирани, АЕК одлучила да достави опомена пред тужба до Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ бидејќи претпријатието сè уште не доставило финансиски извештај за донацијата за панорамското тркало.

„Продолжувањето на рокот за изградба на антенскиот систем и отсуството на какви било информации за донираните средства ја поткопуваат ефективноста за работата на АЕК“, пишува во наодите од извештајот.

Најмногу пари во годишниот буџет ќе бидат потрошени за платите. Бројката за оваа намена е поголема во споредба од лани за 20 отсто. Во просек платите во АЕК се речиси 60 отсто повисоки од просечната плата.

Агенцијата за електронските комуникации планира да воведе политика за намалување на отсуството од работа. Ова, според извештајот, го отвора прашањето дали во АЕК има многубројни неоправдани отсуства. АВМУ првпат предупреди за можен клиентелизам на еден радиодифузер кон власта.

Во 2019 година овој регулатор ќе спроведе три внатрешни ревизии фокусирани на јавните набавки, а планира да обезбеди поголема транспарентност на сопственичката структура на радиодифузерите. Во проектот поддржан од британската амбасада се вклучени Хелсиншкиот комитет, „Транспарентност Македонија“, „Евротинк3 и НВО „Инфоцентар“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико