Опожарени две возила во Велес
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ноќеска, околу 3.20 часот во Велес на ул. „Лазо Смаков“, пред угостителски објект, од непознати причини настанал пожар во паркиран автомобил „Пасат“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.Л..
Возилото целосно изгорело, а со пожарот бил зафатен и автомобил „Опел“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.М., при што опожарен бил задниот дел.
Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Велес, а увид ќе се врши во вторник. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс