Опожарени три возила на паркинг во Скопје | Правдико

Правдико

   

Опожарени три возила на паркинг во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Утрово во 5 часот на паркинг просторот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје биле опожарени патничко возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М. Скопје и патничкото возило „Форд Фиеста“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Р. од Скопје.

Делумно опожарено е патничкото возило „Форд Фјужн“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.П. од Скопје.

Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а увид извршила екипа од Полициската станица Аеродром. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико