Правдико

   

Опожарени возила, домови, ресторан и шума

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе пожари избија во претходните 24 часа низ Македонија, според информациите од Министерството за внатрешни работи.

Во атарот на село Чифлик, делчевско, кај местото познато како „Чифличко присое“, од засега непознати причини настанал пожар при што била зафатена 30 хектари дабова шума, вчера околу 13. 15 часот. Пожарот е изгаснат четири часа подоцна од екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево и работници од ПШС „Голак“-Делчево. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Вчера околу 13.15 часот во село Смилево, демирхисарско, во куќата сопственост на И.С., најверојатно од неисправен фрижидер, избувнал пожар при што целосно изгорела кровната конструкција, како и еден кат со целата покуќнина. Во пожарот нема повредени лица. Во 16.00 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Пожар настанал и во Скопје, околу 13.40 часот, на оџак од ресторан на улица „Битпазарска“, во сопственост на Џ.В.(47). Освен оџакот, со пожарот биле зафатени и кровни конструкции од три станови. Од страна на екипа од Бригадата за противпожарна единица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Возило „Фоксваген Голф“ било опожарено ноќеска околу еден часот по полноќ на улицата  „Климентов Универзитет“ во Охрид, пред куќата сопственост на Н.Д. (42). Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Утринава околу 5 часиот во Битола на улица „Мирче Ацев“, од непознати причини опожарено било ПМВ „Даеву Ланос“ со битолски регистарски ознаки, паркирано на улица пред домот сопственост на Н.Н.. Од пожарот била зафатена предната лева страна од хаубата, како и предно лево и задно тркало. Увид извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико