Опожарени возила во Штип и во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Две возила биле опожарени синоќа, односно ноќеска во Штип и во Скопје, како што информира полицијата.
Територијалната противпожарна единица во Штип добила пријава дека настанал пожар во возило „Форд Фокус“ во дворот од куќата на К.К. (61) на улица „Сремски Фронт“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата во Штип, при што е констатирано дека од пожарот биле опожарени предниот браник, маската, фаровите, акумулаторот, дел од моторот и електричната инсталација.
Причината за настанување на пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени. Пожарот е изгаснат во 18.15 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип.
Автомобил „БМВ Х5“ со скопски регистарски ознаки бил опожарен на улица „10“ во населбата Кисела Јабука-скопско, што било пријавено во ЕИК Скопје околу три часот по полноќ.
Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Кога излегле на местото на настанот, полициските службеници констатирале дека, освен што е опожарено наведеното возило, на улица „26“, најверојатно полиени со бензин се и „Ауди“ со скопски регистарски ознаки и „БМВ“ со скопски регистарски ознаки.
Сите три возила се сопственост на Б.М. и неговата сопруга. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија