Опозицијата предложи законски измени за намалување на акцизата на горивата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со предложените изменени на Законот за акцизите, се предлага намалување на акцизата на гасното масло кое се користи како погонско гориво (дизел гориво) за 3 денари по литар од 15,121 денари на 12,121 денари по литар и намалување на акцизата на гасното масло кое се користи како гориво за греење (црвена нафта) за 3 денари по литар од 6,136, на 3,136 денари по литар.
Со овие измени на Законот за акцизите ќе се врати старата цена на акцизата и со тоа ќе им се излезе во пресрет на сите граѓани во Република Македонија. Зголемувањето на акцизата негативно се одрази врз буџетот на секое семејство во Република Македонија.
Со зголемувањето на акцизата се зголемија и цените на горивата за околу 30%, а со тоа се зголеми и трошокот на граѓаните. Самото покачување на акцизата влијаеше и на покачување на автобуските и такси услуги, кои се директно на удар на граѓаните. Не само граѓаните, акцизата ќе ги чини и превозниците, транспортерите и бизнисмените – стои во образложението на предлогот.
Предлог измените се предложени од страна на група пратеници од опозицијата.
Целиот текст на предлог измените можете да го погледнете ТУКА