Опозицијата во Албанија бара забрана на комунистичките симболи | Правдико

Правдико

   

Опозицијата во Албанија бара забрана на комунистичките симболи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Албанската опозиција предводена од Демократската партија бара забрана на комунистичките симболи во земјата и пронаоѓање на моштите на 4500 Албанци кои биле убиени од комунистичкиот систем, а не им се знае гробот.

Претседателот на Демократската партија, Лулзим Баша изјави дека во Албанија треба под итно да се забрани користењето на комунистичките симболи. Тој изјави дека опозицијата со посебен закон кој наскоро ќе се најде во Собранието бара забрана за користење на комунистичките симболи. Исто така според Баша во Албанија се уште не се знаат гробниците на над 4500 убиени противници на системот на Енвер Хоџа.

Дефинитивно земјата мора да рече збогум на тој систем кој и сега се применува од одредени политички партии. Албанските медиуми истакнуваат дека десницата со новите две барања, сака да создаде нов напад на Владата на левицата предводена од страна на премиерот Еди Рама. Во земјата се зголемува бројот на населението кое ја почитува НОВ, што од страна на десницата се коментира како враќање на носталгијата на комунистичскиот систем на Хоџа.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико