Опозицијата во Косово против формирањето на судот за ОВК | Правдико

Правдико

   

Опозицијата во Косово против формирањето на судот за ОВК

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Движењето „Самоопределување“, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово и соопштија на косовската Влада дека ќе гласаат против основањето на Специјалниот суд, кој би го истражувал дејствувањето на Ослободителната војска на Косово (ОВК), објави МИА.

414660_86757kosovopraznaskupstinabetaf_f

Судот, од кој се очекува да се занимава исклучително со наводните воени злосторства на поранешната ОВК, нема да биде основан овој месец и покрај итното барање на меѓународните фактори тоа да се направи што е можно побрзо.

Владата во Косово е обврзна во рок од неколку дена да поднесе во Парламентот предлог-закон за Специјалниот суд. Новата Влада изрази уверување дека овој закон ќе биде усвоен со двотретинско мнозинство во Парламентот.

Премиерот Иса Мустафа не прецизираше кога неговиот кабинет ќе го поднесе овој предлог-закон, но нагласи дека е во тек подготовка на конкретната документација.

Извор: Нетпрес

Препорачуваме

Партнери на Правдико