Опозициската „Право и правда“ победи на парламентарните избори во Полска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полската евроскептична опозициска партија Право и правда (ПИС) победи на вчерашните парламентарни избори и ќе има апсолутно мнозинство во Сејмот (Долниот дом на Парламентот), покажуваат излезните анкети.
Официјалните резултати треба денеска да бидат објавени. Ако се потврдат резултатите тоа би значело крај на осумгодишното владеење на десноцентристичката Граѓанска платформа (ПО).
Потпретседателката на Партијата на правото и правдата Беата Шилдо изјави дека ќе биде идниот премиер на Полска ако официјално бидат потврдени резултатите од анкетата дека партијата на Јарослав Качински освои апсолутно мнозинство.
Според резултатите од излезните анкети ПИС освоила 242 од 460 места во Долниот дом на Парламентот, а ПО освоила 133 пратенички места.
Актуелната премиерка и претседателка на ПО, Ева Копач го призна поразот на изборите. Првпат во историјата на Полска за премиерскотот место претендираа две жени.
Извор: 24Вести