Определен притвор за Бетмен Велит | Правдико

Правдико

   

Определен притвор за Бетмен Велит

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот суд му определи 30-дневен притвор на Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, за учество во насилството во Собранието на 27 април, дознава „Макфакс“.

Тој вчера беше на распит во Судот, а се товари за за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кривичниот суд вчера им определи 30-дневен притвор на Митко Чавков, Игор Дурловски, Оливер Радулов, и за лицата О.П. и М.П..

За лицата Е.Б. и С.М., судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за обезбедување присуство им определи мерка куќен притвор.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико