Определен притвор за четворица од приведените за нападот врз Зијадин Села | Правдико

Правдико

   

Определен притвор за четворица од приведените за нападот врз Зијадин Села

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Судот им определи притвор од 30 дена на четворица обвинети за нападот врз Зијадин Села на 27 април.

„По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за четири лица кои се под истрага за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство“, соопшти ОЈО.

За петтото лице за кое обвинителството исто така предложи определување мерка притвор, поради влошена здравствена состојба на лицето, судот дополнително ќе одлучи.

Постапката што се води против овие лица се однесува на настаните во Собранието од 27 април и нападот врз Зијадин Села.​​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико