Определување издршка на малолетник | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Определување издршка на малолетник

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Hold HandsСогласно Законот за семејство издржувањето на членовите на семејството и на другите роднини е нивно право и должност. Во случаите во кои меѓусебното издржување на членовите на семејството и на другите роднини не може да се оствари во целост или делумно, Републиката на необезбедените членови на семејството им обезбедува средства неопходни за издржување под услови определени со закон. Откажувањето од правото на издршка нема правно дејство.

Родителите се должни да ги издржуваат своите малолетни деца. Ако школувањето и стручното образование на децата продолжува и по полнолетството, родителите се должни, понатаму да ги издржуваат децата до редовното завршување на школувањето, но најдоцна до навршување на 26 годишна возраст. Под поимот ,,редовно завршување на школување” се подразбира продолжување на школувањето без прекин без оглед на повторувањето на одделни години односно испити. Не би било од значење дали детето е редовен или вонреден студент, ако тоа му е е редовно занимање.

Судска пракса:

– Детето не го губи правото на издшка од своите родители кога стапило во брак, доколку школувањето и стручното образование продолжило и по неговата полнолетност, до редовното завршување на школувањето, но најдоцна до навршувањето на 26 години, ако неговиот брачен другар не е во состојба да го издржава. ( ВСМ Рев. 408/80, Зб ВСМ одл.2)

– Таткото на малолетното дете кој не е вработен, не е ослободен од обврската да го издржува своето дете. (ВСМ ГЖ. 1236/77, Зб ВСМ II 102)

Во случај кога  полнолетното лице е неспособно за работа поради болест, физички или психички недостаток, а нема доволно средства за живот и не може да ги добие од својот имот, родителите се должни да го издржуваат додека трае таа неспособност.

Обврската за издржување постои и меѓу други роднини во права линија, како и меѓу браќа и сестри во поглед на издржувањето на малолетните браќа и сестри, а во однос на полнолетните браќа и сестри.

Исто така очувот и маќеата се должни да ги издржуваат своите малолетни пасиноци, освен ако тие имаат роднини кои според овој закон се должни да ги издржуваат и ако тие роднини за тоа имаат можности. Обврската на очувот, односно маќеата да ги издржуваат своите малолетни пасиноци, постои и по смртта на родителот на детето, со кого очувот, односно маќеата бил во брак ако до моментот на смртта постоела семејна заедница меѓу очувот, односно маќеата и пасиноците.

Определување на издршката

При утврдување на потребата за издржување на лицето, судот ќе ја земе предвид неговата имотна состојба, способноста за работа, можноста за вработување, здравствената положба, како и другите околности од кои зависи оцената за неговите потреби. Кога издршката се определува за дете, судот ќе ја земе предвид и возраста на детето, како и потребите за неговото школување. При утврдување на можностите на лицето кое е должно да дава издржување, судот ќе ги земе предвид сите негови приходи и вистинските можности за стекнување на заработка и неговите сопствени потреби и законски обврски по основ на издржувањето спрема други лица.

Во спорот на родителите околу издржувањето на детето, судот како придонес за издржување на детето на родителот на кого детето му е доверено на чување и воспитание, ќе ги цени работата и грижата на тој родител кој ги внесува во воспитанието и подигањето на детето. Обврската за плаќање на издршката стасува од денот кога детето ќе премине да живее кај родителот кај кој е доделено.

Висината на издржувањето судот може да ја определи во определен износ или во процент од остварениот личен доход, односно од приходите и примањата остварени од вршење на друг вид дејност.

Исто така Центарот за социјална работа може во име на малолетното дете да поведе спор за издржување, односно за зголемување на издржувањето, кога родителот кај кого детето се наоѓа на чување и воспитание, без оправдани причини, не го користи тоа право. Ако родителот не бара извршување на досуденото издржување, Центарот за социјална работа може во името на малолетното лице да поднесе предлог за извршување. Центарот за социјална работа ќе настојува родителите да се спогодат за издржувањето на детето, односно за зголемување на придонесот во издржување на детето кога тоа го бараат зголемените потреби на детето или тоа го овозможуваат подобрените материјални прилики на давателот на издржувањето.

Лицето кое е должно да дава издржување, освен за обврската на родителот спрема малолетни деца, може по свој избор да плаќа определен паричен износ на име на издржувањето или лицето да го земе на издржување кај себе или да му обезбеди издржување на друг начин. Лицето кое има право на издржување може од оправдани причини да бара издржувањето да му се обезбеди само во пари.  

 Заинтересираното лице може да бара судот да го зголеми, да го намали или да го укине издржувањето досудено со поранешна правосилна пресуда ако се измениле околностите врз основа на кои е донесена пресудата

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Кои се условите за развод на брак

Препорачуваме

Партнери на Правдико