Oпределување на пазарна вреднoст на експроприраната недвижност во судска постапка (вешто лице или овластен проценувач) | Правдико

Правдико

   

Oпределување на пазарна вреднoст на експроприраната недвижност во судска постапка (вешто лице или овластен проценувач)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во 2012 година донесен е Законот за експропријација во кој покрај другото во делот под III уредена е постапката за определување на надоместок .

Во член 37 уредено е дека пазарната вредност на експроприраните недвижности и на недвижностите што се даваат како надоместок ја утврдува овластен проценувач согласно со Законот за процена. Во член 47 став 2 уредено е дека ако по одржаната расправа за спогодување не се постигне спогодба за надоместок, Органот за експропријација е должен во рок од осум дена по одржаната расправа предметот со сите списи да го достави на надлежниот Суд заради определување на надоместок.

Инаку во член 1 од овој Закон предвидено е што се уредува со него и покрај другото е содржано дека се уредува постапката за експропријација и постапката за определување на пазарниот надоместок. Под I соддржани се општите одредби на Законот, под ” постапката за експропријација ( која се води пред Органот на управата) и под II постапката за надоместок ( која исто така се води пред Органот на управата, бидејќи во членот 47 став 2 предвидено е доколку пред Органот на управата не се постигне спогодба за надоместок, тогаш истиот сите списи ги доставува на надлежниот Суд заради определување на надоместок.

Во Законот за вонпарничната постапка во главата XIII уредена е постапката за определување на надоместок за експроприрана недвижност каде судот го определува надоместокот за експроприраната недвижност- член 241 од ЗВП. Во член 242 став 1 уредено е дека постапката за определување за експроприрана недвижност судот ја поведува по службена должност кога ќе му бидата доставени списите од надлежниот Орган на управата. Во член 245 предвидено е постапувањето на судот преку закажување на рочиште каде се повикуваат поранешниот сопственик и корисникот на експропријацијата за да се изјаснат за доказите што ги прибавил судот по службена должност, потоа за вредноста на експроприраната недвижност, за видот и обемот Односно за висината на надоместокот во пари. При тоа во ставот 3 предвидено е дека судот ќе изведе и други докази, а по потреба и вештачење.

Согласно член 33 од ЗВП ако со овој Закон поинаку не е определено, во вонпарничната постапка сообразно ќе се применуваат одредбите од Законот за парничната постапка.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА

Изработил Судија Љубомир Бошевски, Апелационен суд Битола

Препорачуваме

Партнери на Правдико