Општина Битола со иницијатива за бесплатен градски превоз поради загадувањето | Правдико

Правдико

   

Општина Битола со иницијатива за бесплатен градски превоз поради загадувањето

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, покрена и достави иницијатива до градските автобуски превозници да обезбедат бесплатен јавен превоз со градските линии за сите патници во критичните денови со високи нивоа на загаденост на воздухот над максимално дозволените.

„Доколку превозниците прифатат да не наплаќаат возни билети од патниците на градските линии во критичните денови со високи нивоа на загаденост на воздухот над максимално дозволените, Општина Битола изразува подготвеност да го субвенционира нивниот дневен промет во тие денови, во висина на просечниот дневен промет остварен од продажба на возни билети на тие линии во последните 30 дена, сметано од денот на донесувањето на мерката, врз основа дневните финансиски извештаи“, велат од Општина Битола.

По добивањето на изјаснувањата од превозниците, доколку истите ја прифатат иницијативата, градоначалничката ќе побара од Советот на Општината да донесе соодветна одлука за предложената мерка.

„Ова е една од мерките коишто ги презема Општина Битола, по иницијатива на градоначалничката, со цел да се обезбеди поголема заштита на здравјето на граѓаните, во периоди на високо ниво на загаденост на воздухот општината“, велат од таму.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико