Општина Дебар: Легализирани околу 1.400 објекти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во општина Дебар, во двата рока за доставување барања за легализација на бесправно изградени објекти биле предадени 3.999 барања, а до сега биле легализирани 1.391 објекти.
Според раководителот на секторот за урбанизам при Општина Дебар, Петрит Пачуку, во 2011 година бројот на доставените барања бил 2.085 и биле легализирани 1.043 објекти, додека во вториот рок, во 2015 година, од доставените 914 барања биле издадени 248 решенија за легализиција на објакти.
Во секторот за урбанизам во Дебар велат дека главен проблем во комплетирањето на документите се јавува во однос на проблемите што семејствата ги имаат со имотно-правните односи, а како втор проблем се посочуваат високите материјални трошоци за подготовка на течничките катастарски елаборати.
Извор: Макфакс