Општина Карпош ќе ја почитува одлуката на Управниот суд да не ја урива спорната гаража | Правдико

Правдико

   

Општина Карпош ќе ја почитува одлуката на Управниот суд да не ја урива спорната гаража

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Општина Карпош ќе го почитува решението на Управниот суд за привремена мерка со која ѝ се забранува да презема какви било дејства сè до правосилно завршување на судската постапка за легализација на гаражата на семејството Петковски во Тафталиџе.

„Меѓутоа, Општина Карпош не се откажува од натамошно и конечно судско разрешување на случајот со отстранување на дивоградбата и постапката ќе ја води до крај, во интерес на заштита на законите и законитоста, на јавното добро и на граѓаните на општина Карпош“, се вели во соопштението.

Инаку, велат од Општината, ваквата судска одлука за привремена мерка, со која се замрзнува отстранување дивоградба на територијата на Карпош од 2005 година наваму е преседан.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико