Општина Центар ќе урива уште една дивоградба на судијата Владимир Панчевски и роднините | Правдико

Правдико

   

Општина Центар ќе урива уште една дивоградба на судијата Владимир Панчевски и роднините

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ако за три дена поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, не ја отстрани дивоградбата од улицата „Орце Николов“ број 86, општина Центар ќе му ја урне дивоградбата, потврди за Макфакс инспекторот Кочо Стојчевски.

Овластениот градежен инспектор на општина Центар донел решение за отстранување на градба-дрвена настрешница, со димензии 12 на 3 метри, за којашто инвеститорот не поседува одобрение за градење.

Во моментов инвеститорот прави и адаптација на постоечкиот простор, за која исто така треба да има техничка документација или одобрение за пренамена на истиот простор, кои не ги поседува. Како инвеститори на објектот се јавуваат лицата Владимир и Стојан Панчевски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико