Оптоварување за компаниите и судството: За седум години донесени 2100 прописи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Честите законски измени се наведуваат како една од главните причини за правната несигурност на компаниите, но и како еден вид оптоварување за судството со оглед на тоа што секојдневно се менуваат прописите врз кои судиите треба да ги носат одлуките.
Анализата објавена на единствениот национален регистар на прописи во Македонија за донесените законски акти и прописи во периодот 2009-2015 година покажува дека речиси секоја година во земјава се носат над 300 закони и прописи, а има и години во кои се носеле во просек по еден или повеќе закони дневно. Така, во периодот 2009-2015 година се донесени вкупно 2100 законски акти, прописи и прочистени законски текстови.
Број на прописи од 2009 до 2015 година:
2009 година 349
2010 година 357
2011 година 133
2012 година 333
2013 година 367
2014 година 324
2015 година 237
Извор: еМагазин