Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година | Правдико

Правдико

   

Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани, уверува министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

„Ние кажавме дека ова прашање ќе биде регулирано во Закон, меѓутоа не кажавме во која временска рамка тоа ќе се заврши“, вели Шахпаска.

Министерката вели дека реформите кои течат, а се со поддршка на Светската банка и се однесуваат на пензинскиот систем имаат своја временска рамка до почетокот на 2024 година.

Таа вели дека треба да се има предвид дека пандемијата со Ковид-19 ги забавила дел од процесите кои се одвиваа минатата година.

„Во моментот во МТСП интензивно се работи на законското решение за работни односи. Интензивирани се активностите во работната група, затоа што тоа е првиот приоритетен закон кој треба да се донесе оваа година. Понатаму Законот за безбеност и здравје при работа. Паралелно со ова, а со поддршка на Светска банка, во МТСП се одвива и проектот со којшто се предвидува воспоставување централен регистар на осигуреници во државата, понатаму носење  нов закон за вработување лица со попреченост, како и реформите во пензинскиот систем. Паралелно во МТСП се работи на сите овие прокти“, вели Шахпаска.

Препорачуваме

Партнери на Правдико