Орбан: Оградата кон Србија ќе биде готова до крајот на август | Правдико

Правдико

   

Орбан: Оградата кон Србија ќе биде готова до крајот на август

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

6554954-3x2-700x467Унгарија ќе ја заврши изградбата на антиимигрантскaта ограда по должината на јужната граница со Србија до 31 август, пред претходно одредениот датум во ноември, соопшти унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува АФП.

– Оградата ќе биде завршена до 31 август, сите други рокови не важат повеќе, изјави Орбан на летниот универзитет на унгарски јазик во Беил Туснад во Романија.

Орбан исто така потенцира дека илегалната имиграција е поврзана со тероризам и зголемување на бројот на кривични дела, вклучувајќи и силување.

Изградбата на ограда висока четири метри почна минатата недела со цел да се запре бранот на имигранти кои доаѓаат во Унгарија преку Србија.

Минатата недела, унгарските власти најавија дека оградата долга 175 километри, ќе биде завршен до ноември.

Унгарија досега има регистрирано повеќе од 80.000 азиланти. Минатата година имало 43.000, а во 2012 година малку повеќе од 2.000, пренесува АФП. Имигранти доаѓаат главно од Авганистан, Ирак, Сирија и африкански земји, со надеж дека ќе одат во Австрија и Германија, како и други западноевропски земји.

Унгарија е членка на ЕУ и е во шенгенскиот простор, па оттука имигранти можат лесно да се движат во Унијата.

Изградбата на оградата го сврте вниманието на Србија, иако официјален Белград признава дека Унгарија има право да ги заштити своите граници,

Препорачуваме

Партнери на Правдико