Орбан: Постапката на ЕУ поради анти-ЛГБТ законот е „легализирано хулиганство“ | Правдико

Правдико

   

Орбан: Постапката на ЕУ поради анти-ЛГБТ законот е „легализирано хулиганство“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Европската комисија за „легализирано хулиганство“ затоа што покрена постапка против неговата влада за, како што велат, дискриминација на ЛГБТ луѓето.

Hungarian Prime Minister Viktor Orban addresses the media at the Hungarian Embassy in Vienna, Austria, Friday Sept. 25, 2015. (AP Photo/Ronald Zak)

Европската комисија започна постапка во врска со унгарскиот закон со кој се забранува промоција на хомосексуалноста и промена на полот на малолетници, што Орбан го опиша како постапка за заштита на правата на децата.

„Ова е легализирано хулиганство. Ставот на Европската комисија е срамен“, изјави Орбан за државното радио.

Тој рече дека таа дебата им овозможува на Унгарците увид во „европскиот живот“ и настава во германските училишта. Тој повтори дека Унгарија нема да дозволи ЛГБТ активисти да „маршираат“ низ училиштата, промовирајќи, како што вели, сексуална пропаганда.

Групите за права на ЛГБТ лицата остро го критикуваа законот, а лидерот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го оцени како срамен. Постапка беше покрената и против Полска бидејќи некои општини се прогласија за зони ослободени од ЛГБТ идеологијата.

Тој е последен во низата конфликти меѓу Брисел и некои источни членки за низа прашања, како што се владеењето на правото, миграцијата и медиумските слободи. Орбан, кој е на власт од 2010 година, вели дека ЕУ се обидува да наметне начин за воспитување децата во Унгарија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико