Орбан се закани со тужба за ЕУ поради мигрантските квоти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Унгарија ќе ја тужи Европската комисија и ќе даде отпор на задолжителните европски квоти за прифаќање на мигрантите, доколку Брисел не ги симне од агендата, најави во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека неговата влада ќе го искористи неодамнешниот референдум во Унгарија, на којшто огромно мнозинство од оние кои излегоа гласаа за отфрлање на мигрантските квоти за Европската унија, за да ги оспорат. Меѓутоа, резултатите од референдумот не се правно валидни, бидејќи не се одѕваа доволен број гласачи.
Орбан изјави дека таа тема во моментов е на мртва точка. Словачкиот премиер Роберт Фицо, пак, чијашто земја во моментов го извршува ротирачкото претседателство на ЕУ, би требало да предложи решение до идниот самите на Европската унија во декември.
Неговиот унгарски колега за државното радио изјави дека доколку Европската комисија не се откаже од идејата за квотите, „тогаш ќе дадеме отпора… ние нема да ја спроведеме (одлуката на ЕУ), ние ќе ја тужиме Комисијата“.
На почетокот од октомври Орбан ја покрена постапката за со уставот да го забрани „преместувањето“ на барателите на азил во Унгарија, тврдејќи дека со тоа ја исполнува волјата на избирачите кои се изјасниле против прифаќањето на бегалците.
„Странските државјани не можат да се преместат во Унгарија“, се наведува во предлогот за измените на унгарскиот устав кои ги понуди владата на Орбан.
На референдумот од 2-ри октомври во Унгарија одѕивот на гласачите изнесуваше 40 отсто, поради што тој според уставот не е валиден. Но од нив 98,3 отсто се изјаснија против преместувањето на имигрантите, поради што Орбан прогласи „голема победа“ за којашто смета дека му дава легитимитет за промена на уставот за да се оневозможи заедничките одлуки на ЕУ во врска со имигрантите да се применуваат во Унгарија.
Извор: Макфакс