Орбан: Унгарија ќе ги блокира сите казни на ЕУ за Полска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна денеска дека за Унгарија, Полска е витален член на групата на централноевропски држави, и поради тоа Будимпешта ќе ги блокира сите постапки за времено одземање на правото на глас на Варшава во Еврпската унија.
– Полска е нападната од Брисел поради нејзините судски реформи и е неправедно и пристрасно критикувана. Унгарија нема да поддржи никаков обид за активирање на членот седум од Договорот на ЕУ, што води до воведување санкции – нагласи Орбан.
Унгарскиот премиер посочи дека, ЕУ треба да сфати дека е бесмислено дури и да се започнат процедури против Полска, бидејќи Унгарија ќе реагира и ќе постави „несоборлива пречка“ на тој пат.
Европската комисија во средата му предложи на Европскиот совет да отпочне постапка против Полска според членот 7 од Лисабонскиот договор, што би можело да доведе до одземање на правото на глас на Полска во институциите ЕУ. Ова е првпат ЕУ да отпочне ваква процедура против држава членка.
Извор: Нова Македонија