Оружје и динамит откриени во објекти во Кавадарци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата поднесе кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи против едно лице од Кавадарци.
Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при МВР денеска изврши претрес во дом и помошни простории сопственост на лицето Б.С. (46) од Кавадарци, и тоа во два објекти во овој град.
„При претресот беа откриени и запленети: една пушка (паповка) кал. 7,62 мм, потоа десет прачки динамит (амонит) со тежина од околу 1,7 килограми, два метри спорогоречки фитил, 97 парчиња муниција од различен калибар и 30 грама тревкаста материја (марихуана). Исто така откриена е и разновидна стока (телевизори, радија и друго) која веројатно потекнува од кривични дела ‘кражба’ и ‘тешка кражба’“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс